ВМРО-ДПМНЕ обвини за целосен колапс на образовниот систем

by Фокус

Владата на СДСМ на само два дена пред одложениот старт на учебната година направи целосен колапс на образовниот систем, реагира ВМРО-ДПМНЕ откако во текот на тестирањето падна страницата за онлајн-настава.

„Ваквиот колапс предизвикува премногу конфузија кај наставниот кадар, но и кај самите родители и ученици.  Откако учениците и наставниците ги добија своите насоки за работа на платформата, истата се покажа целосно нефункционална.  Најпрво, учениците и наставниците не можеа да воспостават пристап до платформата, а потоа воопшто немаа можност за вклучување. Исто така, како една од главните причини поради нефункционалноста на платформата е и големата преоптовареност од корисници. Се поставува прашањето, како за два дена ќе се обезбеди непрекинат пристап и целосна достапност на платформата која како што ја најавија има за цел да обедини 270 илјади ученици?“, праша Марија Митева од ДПМНЕ.

Поврзани новости