ВМРО-ДПМНЕ објави шест барања: Оставки и тело за анализа за прислушуваните материјали од ОЈО

by fokus

На денешиот протест на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани, Христијан Мицкоски објави шест барања кои ќе ги достават до Владата.

  • „Итна и неотповиклива оставка на министерот којшто својата нација ја нарече искомплексирана нација. Министерот кој благодарение на ова нација која го полни буџетот зема плата, ужива во привилегиите да се школува неговото семејство надвор од Република Македонија со стипендиите кој овој народ ги обезбедил.
  • Итна и неотповиклива оставка на министерот за терор и прогон т.е. полиција, Оливер Спасовски затоа што откако е министер само порази шпиунски акции, претреси и омаловажувања на нашите браќа и сестри, граѓани на Република Македонија.
  • Веднаш да сопре иницијативата од Владата за покачување на даноците во Република Македонија и да престане осиромашувањето на бизнисот и на граѓаните на Република Македонија
  • Не само декларативно за почист воздух. Ги лажевте граѓаните испентарени на падините на преубавото Водно и велевте само да падне режимот и ќе започне да дува алпски воздух. Овде во Кочани им велевте на луѓето најзагаден град сте, многу скара вртите па затоа ви е загаден градот. Како не им е срам, па друг градоначалник наместо пред Климент Охридски  оди пред Ченто да положува венци. Па денеска ќе каже немало споменик од Климент па затоа отишол на Ченто. Па што не отиде на друг споменик, зошто баш на Ченто. Затоа веднаш продолжување на проектот за гасификација на Македонија од централно до општинско ниво, за вистински почист воздух  за сите граѓани во Република Македонија.
  • Веднаш да се формира независно тело  коешто ќе го предводи човек на предлог  на опозицијата, коешто ќе ги преслуша, анализира, систематизира  сите материјали коишто се собрани  изминативе две години како резултат на црнит вотергеј на Заев, односно прислушкувањето на сите судии и обвинители. Да ги видиме нарачаните пресуди  за поткуп, да ја видиме нарачаната пресуда за „Глобал“ , да видиме како нарачувате обвиненија за луѓето од 27ми Април, да видиме како нарачувате обвиненија за ВМРО-ДПМНЕ и шесто почитувања на јасно изразената волја на народот на референдум. Ова се првите шест барања. Продолжуваме и понатаму со нови барања.“, ги објави Мицкоски барањата.

Поврзани новости