ВМРО-ДПМНЕ: Нина се однесува како Алиса во земјата на чудата

by Fokus

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираа на прес-конференцијата на министерката за финансии, Нина Ангеловска, на која ги објаснуваше мерките за помош од Владата за стопанството.

„Нина Ангеловска изгубена во времето и просторот се однесува како Алиса во земјата на чудата и не знае дека нема бизнисмен и гранка која ги подржува мерките. Додека владата и Ангеловска тврдат дека ќе бидат поддржани дури 250.000 вработени или повеќе од 35.000 компании, во реалноста граѓаните се сведоци дека многу мал број на фирми аплицираат за мерките и веќе се започнати масовни отпуштања од страна на компаниите кои се соочуваат со проблеми на неликвидност. Неделувањето на власта веќе остави над 20% од вработените во државата без работа“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости