ВМРО-ДПМНЕ: Немој Филипче, се преработи од менаџирање

by fokus

Аман Филипче не менаџирај кога ти го водиш здравството има по неколку десетици мртви на ден. Аман Филипче не менаџирај повеќе кога резултатот е 14 мртви од пожар, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Немој да менаџираш и да работиш кога објектите за кои распишуваш тендер горат за 3 минути со живи луѓе внатре. Филипче немој не се мачи да менаџираш кога ниту противпожарни апарати не си стигнал да поставиш во модуларната болница во Тетово.

Аман Филипче не работи толку, 5 месеци вакцинацијата закасни заради тебе. Од толку што работиш Филипче над 6000 луѓе починаа од КОВИД. Не менаџирај кога имаш десетици мртви на ден.

Немој Филипче се преработи од менаџирање луѓе за кислород умираат во болници. Доста го менаџираше здравството, цела нација проплаче од твоето менаџирање“, додаваат од опозицијата.

Поврзани новости