ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во телото за помирување, ама ако одлуките се по нејзин терк ќе ги прифати

by fokus

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски денеска изјави дека тие нема да учествуваат во координативното тело за помирување, но можеби ќе ги почитуваат неговите одлуки, доколку тие се прифатливи за нив.

-Доколку господинот Заев навистина сака да има национално помирување треба да бидат ослободени институциите да работат без притисок што оваа власт во моментов го прави врз сите институции, вклучувајќи ги и судските. Во координативното тело за помирување ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува затоа што со истото ќе претседава човек којшто на срамен начин беше избран на местото во Собранието на очиглед на целата македонска јавност со кршење на деловникот и процедурите за избор. Но ако тоа координативно тело што ќе работи на помирување  донесе одлуки и ставови што ќе бидат прифатливи за ВМРО-ДПМНЕ, а тоа значи неселективна правда и можност за учество и праведност кон сите учесници во настаните, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи неговите одлуките, рече Мицевски.

Според него, доколку власта сака да покаже неселективност, тогаш ќе го прифати предлог-законот за амнестија на ВМРО-ДПМНЕ со кој се опфатени сите инволвирани во настаните од 27 април.

Поврзани новости