ВМРО-ДПМНЕ нема да учестува во работата на Собранието

by fokus

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска потврдија дека нема да учествуваат во парламентарните тела и заседанија посочувајќи дека во ситуација кога шестмина нивни колеги се во притвор нема соодветни услови за тие да партиципираат во работата на Собранието.

– Во моментов СДСМ е владејачко мнозинство и тие имаат должност да ги обезбедат сите услови за непречено функционирање на Парламентот. Сметам дека во овој момент кога 12 отсто од нашата пратеничка група, односно шест пратеници се во притвор нема соодветни услови за ние соодветно да партиципираме во работата на Парламентот – изјави денеска на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Горан Манојлоски

Поврзани новости