ВМРО-ДПМНЕ: Не видовме ниту еден километар автопат од ветените 500 на СДСМ

by fokus 17:51
17:51

Јавноста од неа не виде ниту еден километар од ветените 500 километри нови автопати, изјави денеска Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ.

-За три месеци од својот мандат СДС потроши над 350 милиони евра, што по основ на задолжување што по основ на топење на девизните резерви, а реализација нема никаква. Речиси сите проекти што претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ ги имаше почнато и ги работеше, почнаа да запираат. Владата на СДСМ токму со запирање на изградбата на автопатите го покажа целото свое незнаење. Владата на СДС преку неоправданото прекинување на изградбата на автопатите остави во неизвесност над 2.000 работници, кои токму преку овој ангажман обезбедуваа егзистенција за своите фамилии. Владата на СДС остави десетици домашни фирми и претпријатија кои директно или индиректно беа ангажирани во изградбата, без можност да работат и со тоа да придонесуваат во домашната економија, рече Мисајловски.

- Advertising -

Тој додаде дека Владата на СДСМ правела проблеми таму кај што ги нема, само за да не се реализираат најкрупните проекти што ВМРО-ДПМНЕ ги започна.

Поврзани новости