ВМРО-ДПМНЕ: Не смее посетата на Заев во Брисел да се сведе само на одмрзнување на препораката за членство во ЕУ

by Fokus

„СДС не смее да си поигрува со највисоките национални и државни интереси и да се однесува несериозно по прашања како што е проблемот кој Грција го има со нашето име, реагираат од опозициската СДСМ.

– Една конфузна и незрела изјава на новиот Министер за надворешни работи Никола Димитров во Фајненшл тајмс, покрена лавина реакции во меѓународните медиуми кои сериозно ги подриваат тешко градените позиции во спорот со Грција. Фајненшл тајмс, Гардијан, Тагесцајтунг се само дел од влијателните светски медиуми кои пишуваа дека Македонија е подготвена и размислува за промена на името. Истите позиции ги пренесуваат и други весници, а сето тоа се злоупотребува од страна на нашите соседи се наведува во партиското соопштение.

Според нив, бугарскиот историчар Божидар Димитров срамно лицитира со имиња од типот „југозападна Бугарија“, а СДС упорно молчи наместо да го штити угледот и честа на македонскиот народ и држава.

– СДС сега ја води владата и Министерството за надворешни работи и има обврска да се бори и да го брани македонскиот идентитет. Одбраната на македонските интереси не смее да се сведе на намалување на очекувањата! СДС вети брзо членство во ЕУ и НАТО. Не смее посетата на Заев во Брисел да се сведе само на одмрзнување на препораката за членство во ЕУ. Македонија тоа го имаше шест години по ред, а последните две години препораката е условена токму заради кризата во која што СДС ја втурна земјава. СДС мора да го оствари ветувањето и да ја внесе Македонија во ЕУ и НАТО без да задира во идентитетските прашања и да склучува договори на штета на македонскиот народ – продолжува понатаму во соопштението.

Поврзани новости