ВМРО-ДПМНЕ: Не преговараме за Парк на толеранцијата со ДУИ

by Фокус

ВМРО-ДПМНЕ ги отфрли шпекулациите дека во име на Светскиот македонски конгрес кој го предводи Тодор Петров, преговара со ДУИ за изградба на Парк на толеранцијата во Бутел.

-Во врска со шпекулациите дека ВМРО-ДПМНЕ почнало некакви преговори со ДУИ, и дека наводно било договорено на местото каде треба СМК да изгради крст да се изградел некаков парк на толеранција или некаков друг национален симбол, објавуваме дека ВМРО-ДПМНЕ ниту може, ниту сака во име СМК да преговара со било кого, вклучувајки ја и ДУИ, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија го осудија, како што рекоа, вандалскиот и насилничкиот однос на поединци од ДУИ и го повикаа министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, да си го работел тоа за што е платен.

 

Поврзани новости