ВМРО-ДПМНЕ не ја потпиша декларацијата за заштита на жените

by fokus

Деветнаесет политички партии вчера потпишаа декларација и се обврзаа дека ќе ја ратификуваат Истанбулската конвенција за спречување и борба против насилство врз жените и семејно насилство.

Како што јави телевизија Телма, единствено потпис не стави владејачката ВМРО-ДПМНЕ, без образложение.

Инаку, Македонија е единствена во регионот којашто ја нема ратификувано конвенцијата. Тоа значи обврска на државата да обезбеди финансиска помош за поддршка на постоечките и отворање на нови прифатилишта за жртвите.

Од Националната мрежа против насилство велат дека политичките партии досега не доволно се интересираа за насилтвото врз жените поради што и земјава нема изработено регистер на видови на насилство и нивни жртви.

Во Македонија најчесто пријавувани видови на насилство се психичкото и физичкото, а потоа следат сексуалното и економското. Според податоците на министерствата за внатрешни работи и за труд и социјална политика, во периодот од јануари 2014 до јуни 2015, вкупно се пријавени 1.611 случаи на семејно насилство. Во најголем број од нив се жени.

 

Поврзани новости