ВМРО-ДПМНЕ не е заинтересирана за апсењето на Мијалков: Тој повеќе не е наш член

by fokus

Сашо Мијалков повеќе не е член на ВМРО-ДПМНЕ, не сме запознаени со деталите и причините за неговото приведување. Раководството на партијата подолго време нема комуникација со Мијалков, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски за ТВ21.

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ минатиот месец го исклучи Мијалков од партијата заедно со Јанчев и Костадинов, а поранешниот шеф на УБК бил приведен во затворот „Шутка“ од хотелот Мериот во Скопје.

Поврзани новости