ВМРО-ДПМНЕ: Нашата победа во Охрид беше чиста

by Фокус 15:23
15:23

-Токму во Охрид граѓаните кристално јасно им покажаа на СДСМ дека не заслужуваат да бидат на власт. Во Охрид победата на ВМРО-ДПМНЕ беше чиста и изразена во околу 8 илјади гласови разлика, односно со скоро дупла разлика. Ако СДСМ не го признаваат овој пораз тогаш ги навредуваат и потценуваат граѓаните на Охрид кои јасно ја дадоа својата поддршка, се вели во реакцијата на владејачата партија по повод денешната пресконференција на СДСМ во Охрид.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДСМ се обидела со креирани и манипулативни материјали да се испере за криминалното владеење на нивниот поранешен градоначалник, Аце Петрески и раководството на СДСМ во Охрид.

- Advertisements -

-Зарем ваквите манипулативни прес конференции ќе им помогнат на СДСМ за да се извадат за урбанистичкиот хаос и урбанистичката мафија која ја создадоа во Охрид. Никој нема да им го заборави гревот кој го имаат во Охрид исто како што никој нема да им ги заборави десетиците фабрики кои ги затворија и десетиците илјади охриѓани кои ги оставија на улица, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Повторуваат дека материјалите кои ги објавува СДСМ биле добиени на нелегален начин и дека тоа било обид нивните лаги и манипулации да ги прикажат како вистина.

Поврзани новости