ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да изгради нови болници, СДСМ ги троши парите на граѓаните за вдомување партиски послушници

by fokus

Изградбата на детската болница во Козле чинеше околу 7 милиони евра. За изминативе три месеци СДСМ од девизните резерви и од распишаните аукции на државни хартии истроши 334 милиони евра. СДСМ можеше со овие пари што ги подигна да изгради околу 40-тина современи болници кои ќе бидат од корист за граѓаните, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека нови болници нема, а ги нема ниту парите. Каде испарија парите на граѓаните, прашуваат од партијата.

„Граѓаните на Република Македонија имаат право да знаат каде се трошат нивните пари кои секојдневно се одлеваат од државната каса. Како одговор единствено добиваат само лаги од владата на неспособниот Заев“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека наместо да ги трошат народните пари за да се подобри квалитетот на живеење на граѓаните, СДСМ со народните пари ги опремува кабинетите на министрите со скапи цвеќиња, вдомува партиски послушници, однесувајќи се недомаќински на секој можен чекор. СДСМ буквално ја исцеди државната каса, велат од таму.

Поврзани новости