ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да го решава проблемот со загадениот воздух, Шилегов организира стенд ап настапи

by Фокус

Скопје и Македонија се гушат во загаден воздух, а Зоран Заев и Петре Шилегов не преземаат ништо, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Според анализа на реномираниот Универзитет во Чикаго од Институтот за енергетска политика, загадувањето на воздухот го намалува просечниот живот на човекот за скоро две години, што е поопасен ризик фактор за смртност од многу заразни болести како туберкулозата. Како последица на неодговорниот пристап на црната власт на СДСМ кон животната средина десетици граѓани завршуваат на лекар секој ден поради проблеми со здравјето настанати заради загадениот воздух. Граѓаните се соочуваат со реални здравствени проблеми заради загаденоста, а власта само ги завива во црно нивните животи“, стои во соопштението на ДПМНЕ.

Од таму посочуваат дека Заев и Шилегов ветувале итно справување со загаденоста, а сега кога се на власт не преземаат било што да ги намалат последиците од загадувањето.

„Светската здравствена организација неодамна излезе со анализа во која покажа дека на годишно ниво во светот умираат околу 7 милиони луѓе како последица на штетните и канцерогени честички кои влијаат на кардиоваскуларниот и респираторниот систем на човекот. Наместо конкретни решенија на проблемите со енормното загадување, министерот за животна средина Садула Дураку дрско и безобразно вели дека не се занимава со граѓаните, Петре Шилегов организира стенд ап настапи, а Зоран Заев заборави на ветувањата за почист воздух во целост“, велат од опозициската партија.

Поврзани новости