ВМРО-ДПМНЕ најавува враќање на правната држава кога ќе се врати на власт

by fokus

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска ја обвини Владата предводена од СДСМ дека сака да избрка вработени во администрацијата кои припаѓаат на помалите етнички заедниците. Во соопштението на ДПМНЕ не е наведено дали навистина тие вработени не доаѓале на работа, а земале плата.

-ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува сите оние кои совесно си ја работеле работата да не потклекнуваат на притисоците. Забеганоста и арогантното кршење на законите нема да траат вечно. Со заминување на СДС од власт ќе бидат преиспитани сите сведочења на лицата кои биле под притисок на СДС. Правната држава ќе се врати и секој ќе одговара за тоа што го сторил. Рашковски и Заев нема вечно да се на власт. Ќе се сменат улогите, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија велат дека на удар биле вработените од малите етнички заедници, кои треба да одат на улица за да се ослободи место за заслужни кадри за СДСМ.

Поврзани новости