ВМРО-ДПМНЕ најавува протест против злоупотреба на европски пари

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за утре попладне најавува протест, овој пат против злоупотребата на европски пари.

-Веќе три години се читаат и слушаат скандали низ медиумите со докази за проневери и сомнежи за криминал, а ЈО и финансиската полиција молчат. Се молчи за скандалот каде 270 000 евра беа доделени на фризерница од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Се молчи и за скандалот каде се доделени 83.000 милиони евра за тренирање на магаре. Ве повикувам утре 16.10.2020 од 18:30 часот на протест од Министерство за правда до Секретаријат за европски прaшања и да се стави стоп за злоупотреба на европските пари!, напиша Мицкоски на Фејсбук профил.

Протестот следува по обвинувањата против директорката на Национална агенција за европски образовни програми , Лидија Димова за злоупотреба на европски пари, од која опозицијата бара оставка.

Поврзани новости