ВМРО-ДПМНЕ најави обединување на десницата, дел од членовите на Обединети за Македонија и ВМРО-НП преминуваат во нивната коалиција

by fokus

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев денеска имаше средба до неколку членови на Обединети за Македонија и ВМРО-НП и најави дека тие ќе преминат во нивната коалиција, иако досега беа дел од владината коалиција.

-Денеска имавме средба со дел од раководствата на повеќе политички партии кои беа дел од власта. Дел преминуваат во ВМРО-ДПМНЕ, дел во МААК конзервативната партија  и во останатите десничарски партии од нашата коалиција. Тие ги ставаат капацитите за да ја турнеме оваа рекетераска власт. Ние ги повикуваме сите чесни граѓани да ни се придружат во борбата против власта и во обнова на Македонија. Овие луѓе ги напуштаат политичките партии кога сите алатки за уцени се во рацете на СДСМ и Заев за што побрзо да ги тргнеме од власт. Таа бројка се зголемува секој ден, овде се дел од нив, односно нивните раководствата, рече Јанушев.

Тој не сакаше да каже за колку членови точно станува збор, туку рече дека се работело за голема бројка.

Поврзани новости