ВМРО-ДПМНЕ: Над 4 000 фирми се затворени за шест месеци

by Fokus

Поради погрешните политики на Зоран Заев во Македонија само во 6 месеци од минатата година згаснале 4000 компании, над 54 илјади лица останале без работа, а уште толку нередовно земаат плата, се вели во соопштението на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Економијата тоне, а народот осиромашува и преку половина милион граѓани живеат со помалку од 2 евра дневно, додека Заев ужива во луксузот и златниот прибор кој чини 50 илјади евра. Власта на Заев не мрднува ни со мал прст да ги заштити граѓаните среде економска и здравствена криза. Македонија е последната земја во Европа која ќе набавува вакцини со цел да ги спаси животите на граѓаните и да го сочува нивното здравје, ама затоа Заев вработува нови советници во својот кабинет и на тој начин ќе потроши 400 илјади евра годишно за своите партиски послушници. Поради Заев Македонија е најсиромашната, најкорумпираната и најнесреќната држава во Европа. Народот тоа го гледа и за жал го чувствува и на својот грб и по својот џеб, посочуваат во партиското соопштение.

Поврзани новости