ВМРО-ДПМНЕ: На владата и е побитно да се задолжува за една милјарда евра, а нема лекови за болните

by Fokus

Половина година СДС е на власт. Половина година голгота за пациентите со ретки болести. Власта се однесува крајно неодговорно кон пациентите со ретки болести, кои со доаѓањето на СДС на власт се соочуваат со недостаток на лекови, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Скандалозно е Министерството за здравство во 21 век да не може да обезбеди нормален дотур на медикаменти неопходни за животот на луѓето болни од цистична фиброза. Власта си поигрува со животите на болните. Здравството веќе шест месеци е во хаос, а нема снабдено лекови ни за биолошко лекување на рак, кои пациентите исто така се принудени да ги снабдуваат приватно. Во здравството владее општ хаос, а нема никаква реакција од владата. Владата и е побитно да се задолжува за една милијарда евра и да ги пренасочува средствата за зголемување на патните и дневни расходи, отколку здравјето на луѓето“ – се наведува во соопштението од опозицијата.

 

Поврзани новости