ВМРО-ДПМНЕ на средба со АА, ДУИ и Левица

by Fokus

Претставници од ВМРО-ДПМНЕ денеска во периодот од 11 до 13 ќе се сретнат со пратеници од политичките партии Алијанса-Алтернатива, ДУИ и Левица, информираат од опозициската партија.

– На средбата ќе се разговара за потребата со широк консензус да се усвои резолуцијата за македонските државни позиции во однос на евроинтеграциите и непринципиелните негаторски позиции на Бугарија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

На средбите ќе бидат присутни координаторот на групата Никола Мицевски и пратеникот Антонио Милошоски, а соговорници ќе им бидат колегите Халил Снопче, Арбер Адеми и Димитар Апасиев.

Поврзани новости