ВМРО-ДПМНЕ му даде пет дена на Костадинов да се извини или ќе го тужи

by fokus

Фирмата „Минка-Енерготек“ каде претседателот, Христијан Мицкоски е косопственик со само 7 отсто од уделот, конкурирала на тендер во 2014 година, кога Христијан Мицкоски не бил советник во владата и од тој факт ни лажговците од СДСМ не може да избегаат, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по обвинувањата од СДСМ дека фирмата на лидерот на опозицијата добила земјиште за хидроцентрала додека тој бил советник на екс премиерот Никола Груевски.

-Портпаролот на СДСМ за сите изречени лаги има пет дена да се извини во соодветен формат во кој што и ги пласираше клеветите против претседателот, Христијан Мицкоски. Доколку тоа не го стори, истиот ќе се соочи со тужба, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости