ВМРО-ДПМНЕ: МИА е првата медиумска жртва на бришењето на идентитетот, мора да има одговорност за новинарскиот срам

by Fokus

Има ли подобар доказ дека со договорот со Грција е предадена  сувереноста на државата. Грција го менува нашиот уставот и изготвува амандмани, а сега ги менува и текстовите на националната новинска агенција, реагира опозиционата ВМРО-ДПМНЕ на информацијата на грчки Катимирини дека по реакција на Атина МИА била принудена да менува дел од изјава на премиерот Зоран Заев од Вашингтон.

– МИА е првата медиумска жртва на бришењето на идентитетот! Го преиначува, го брише премиерот по диктат на Грција.- изјави портапролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на денешната прес-конференција.

Според него, одговорност е на МИА како државен сервис и како агенција која мора да се води по професионалните новинарски кодекси да не потпаѓа под влијание и цензура и оваа капитулација и обид за обезличување и да ги сочува и архивира за идните генерации.

-Ова е срам и за МИА и за премиерот на Република Македонија. Ова не е зачуван образ и идентитет. После извинувањето за Илинден, ова сега е уште една капитулација и доказ дека ќе имаме проблеми дури и кога ќе се шепоти името Македонија – рече Соилковски.

За ваквиот новинарски срам мора да има одговорност од врвот на МИА.

Поврзани новости