ВМРО-ДПМНЕ: Македонија денеска не доби покана туку шамари, Димитров да си поднесе оставка

by fokus

Македонија не доби ниту безусловна покана за НАТО, ниту датум за почеток на преговори со Европската Унија и Македонија со СДСМ доживува вистинско дипломатско фијаско, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ за денешните случувања на Самитот на НАТО на кој земјите членки на Алијансата одлучија да и доделат покана на Македонија.

-Македонската дипломатија крахираше и за тоа мора да се понесе одговорност. Како што нема резултати во ниеден реален сектор во животот, нема во економијата, здравството, образованието, нема ниту еден напредок во земјоделието, така нема резултати ниту во интегративните процеси. Зоран Заев и неговата влада само нижат порази, нема ниту една победа. Денеска Македонија не доби аплаузи, денеска Македонија доби шамари. Токму затоа, како прв чекор на власта е оставка на Никола Димитров кој што заедно со Зоран Заев ја донесоа државата во ќорсокак. Условите за членство во НАТО, Република Македонија ги има исполнето уште во 2008 година. И сите последователни извештаи го потврдуваа тој напредок. Тоа што сега го направи Заев што ја донесе државата во ситуација да биде заложник на еден исклучително штетен договор кој во својата основа е капитулантско дело. Македонија не станува членка на НАТО, Македонија нема датум за почеток на преговори со Европската Унија. Зоран Заев, Никола Димитров и Радмила Шекеринска остварија уште еден тежок пораз за Македонија, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости