ВМРО-ДПМНЕ: Мафијата си доби своја држава со доаѓањето на СДСМ на власт

by Фокус 22:00
22:00

Мафијата си доби своја држава со доаѓањето на власт на СДСМ, а со поставувањето на Оливер Спасовски за министер за внатрешни работи си доби и свој заштитник во полицијата, изјави Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ.

-Пет месеци откако СДС ја има целата власт, не само што не е реализирана ниту една акција против организираните криминални групи, туку полицијата свесно не постапува и ги крие сторителите. За овие 5 месеци видовме десетици вооружени грабежи на банки, десетици запалени или изрешетани автомобили, а практично немаше ноќен клуб во кој не се случи насилство. Вандали сквернавеа гробишта, пукаа по улици и убиваа по кафулиња. Полицијата не разреши ниту еден случај – рече Нацев.

- Advertising -

Според него, цената на ваквото криминално владеење на СДСМ сега го плаќаат граѓаните.

-Вчера пред полно кафуле беше пукано во едно лице. Напаѓачите, нормално избегаа. Граѓаните се во страв дека нивните деца може да бидат следните жртви, додека Заев и Оливер Спасовски смислуваат како уште еднаш да го изманипулираат народот. Доколку Оливер Спасовски е толку неспособен да открие што се случува последниве месеци низ Скопје и Македонија еве да му помогнеме. Нека ги провери написите во медиумите изминативе месеци. Нека провери со кого од владата се блиски луѓето кои што со оружје крстарат низ Скопје, се закануваат и собираат рекет. Целиот град знае и целиот град зборува – истакна Нацев.

Поврзани новости