ВМРО-ДПМНЕ: Купивме штабови, но не по цената која ја презентираше СДСМ

by Фокус 15:25
15:25

На СДСМ и на Зоран Заев очигледно им пречи што ВМРО-ДПМНЕ има сопствени штабови во поголемите градови низ Македонија. Ако тоа им пречи, ние сме спремни да се откажеме од тие штабови и нашите состаноци да ги држиме на отворено, на плоштадите, велат од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата му возвратија на Заев дека немало потреба да се мачат и да бараат по архивите на државните институции, бидејќи тоа билe јавно достапни документи.

- Advertising -

-До ден денес тие користат имот кој е граден со пари од сите граѓаните и за тоа не дале никаква сметка и не понеле никаква одговорност. За разлика од нив, ВМРО-ДПМНЕ низ Македонија немаше ниту една гаража каде можеше да ги одржува своите состаноци, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ, од каде што набројаа 12 деловни простории, со кои наводно располага СДСМ.

-Вредноста на недвижниот имотот со кој распола СДСМ има минимална пазарна цена од над 5 милиони евра. Но овие пари не се ниту од чланарини, ниту од донации. Овие пари се на сите граѓани на Република Македонија, а СДСМ ги зграбила како наследник на Сојузот на комунисти, заклучуваат од партијата.

Оттаму признаваат дека Заев дал точна информација за имотот кој го купиле за да имаат свои штабови, но ја негираа вредноста, без притоа да образложат колку изнесува таа, според нивните пресметки.

 

Поврзани новости