ВМРО-ДПМНЕ: Колку навреди треба да кажат бугарските политичари за Османи да реагира?

by fokus

Колку навреди треба да кажат бугарските политичари кои Бујар Османи може да ги поднесе и премолчи?, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на денешната посета на македонскиот министер за надворешни работи и неговиот бугарски колега на претепаниот секретар на здружението „Цар Борис“.

-Има ли Македонија институции за да испитаат и расветлат насилство какво се случи во Охрид, па да мора да се инволвира Бугарија? Ковачевски да одговори во какво својство е во Бугарија Бујар Османи, и чии интереси брани? Владата на СДС е многу повеќе на Бугарија и Албанија отколку на Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости