ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира секоја среда пред Влада додека не му го види тилот на Заев

by fokus
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот протест пред Владата најави протести секоја среда на истото место и порача дека тие нема да престанат додека премиерот Зоран Заев не си замине.
-Година и половина ја уништуваат Македонија После сите понижувања и распродажба на националните интереси. Ќе застанеме со сите граѓани без разлика на нација и вера. Ќе ви го покажеме вашето место во историја. На следните претседателски и предвремени парламентарни избори ќе ве поразиме и ќе покажеме дека местото ви е на буништето. Нема да се тргнеме од овде додека не ви го видиме тилот како си одите. Ќе изгрее зора на слободата, рече Мицкоски.

Поврзани новости