ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против таткото на Филип Темелковски

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против Зоре Темелковски, татко на новиот градоначалник на Кисела Вода, Филип Темелковски, поради сомнение дека преку закана со отказ на вработени во јавната и државната администрација од населбата Драчево постапил спротивно на член 160 став 1 од КЗ на Република Македонија.

-Како логистичка и фактичка поддршка на стореното кривично дело, Зоре Темелковски како што самиот вели веќе направил селекција на над 1.100 вработени кои доколку не гласаат за СДС може да останат без работа – рече Оливер Андонов на денешната прес конференција.

Како доказ ја приложи аудио снимката која се рашири низ социјалните мрежи и низ медиумите, но како што рече не реагирале ниту Јавното обвинителство ниту МВР за да постапат по службена должност.

Поврзани новости