ВМРО-ДПМНЕ ќе избира нов Извршен комитет

by fokus

Централниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ ќе го избира вечерва новиот состав на Извршниот комитет, од каде што, по поразот на партијата на јулските избори, ќе треба да заминат голем број од досегашните членови, додека партискиот лидер очекува да го истера до крај својот мандат, иако неговите критичари му бараат оставка, пишува 360 степени.

Од ВМРО-ДПМНЕ изјавиле дека со изборот на нов ИК продолжува „процесот на катарза“ во партијата. Новиот ИК ќе биде во помал состав од досегашниот, кој, според последните информации од интернет-страницата на ВМРО-ДПМНЕ, брои 25 члена, вклучително со партискиот лидер, генералниот секретар и двајцата потпретседатели на партијата.

Поврзани новости