ВМРО-ДПМНЕ ќе ги пребројува членовите на партијата

by Fokus

ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Извршниот Комитет донеле одлука  за формирање работна група за ажурирање на членството на партијата составена од членови на ИК, информираа од опозициската партија.

Во соопштението се наведува дека тие во наредниот период ќе треба да предложат методологија која ќе биде усвоена од страна на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ и веднаш потоа ќе отпочне со ажурирање на членството.

Според нив, новата влада предводена од СДСМ ја води државата во погрешна насока.

– Погрешните политики и безидејноста на Владата на СДСМ, резултираат со влошување на ситуацијата во државата при што се загрозени владеењето на правото и демократијата, а се практикува и реваншизам кон неистомислениците, вршејќи политички терор врз нив – се наведува понатаму во партиското соопштение.

Поврзани новости