ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци го осуди Митко Јанчев и го повика на протест

by fokus

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци се оградува од изјавите на градоначалникот Митко Јанчев и најостро ги осудува неговите активности во делот на обезбедување на двотретинско мнозинство за уставни измени и за спроведување на штетниот, капитулански и асиметричен договор со нашиот јужен сосед, соопшти ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци.

Од општинскиот комитет велат дека ги почитуваат одлуките на партиските органи и нивниот јасно изразен став за не менување на Уставот со цел промена на уставното име.

-Го повикуваме градоначалникот Јанчев утре да се приклучи на протестот, заедно со неговите соборци од локалните избори, со луѓето кои стоеја рамо до рамо со него, кога оваа инсталирана хунта на власт го апсеше како кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ. Јавно го прашуваме градоначалникот, кои се опструкциите што ги прави претседателот Христијан Мицкоски и во која насока е неговата „конструктивност“ заедно со поранешниот министер Никола Тодоров? Доколку се повикувате на транспарентност во носењето на уставните амандамани, од каде ви е потребата да се договарате со фамилијата Заеви во хотел, далеку од очите на јавноста?
И за крај сакаме да го прашаме Митко, дали се консултира со граѓаните кои и покрај големите притисоци од страна на неговиот сегашен пријател, аболицираниот криминалец Заев, го дадоа својот глас за него како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. После овие постапки на градоначалникот, Општинскиот комитет во наредниот период ќе направи темелни анализи, и ќе донесе соодветни одлуки за делувањето на партијата на локално ниво, стои во соопштението.

Поврзани новости