ВМРО-ДПМНЕ: Каква е вмешаноста на екс советникот на Заев, Сокол во инцидентот со полицијата во Кисела Вода?

by Fokus

Вчера повеќе медиуми пренесоа дека по завршувањето на работното време на угостителските објекти во Кисела Вода дошло до инцидент каде вербално, со пцости и вулгарности се нападнати полицајци кои предупредиле за забраната за групирање, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Меѓу групата која се конфронтирала со полицијата беше пренесено дека е и омилениот екс советник на Заев, а сега директор на истражниот затвор Шутка, Филип Андов Сокол. Дали е точно дека во инцидентот бил вклучен Филип Андонов Сокол?

Каква е вмешаноста на екс советникот на Заев, Сокол во инцидентот со полицијата во Кисела Вода кој се крие од јавноста? Зошто не е поднесена пријава од полициката за сите други освен за екс советникот на Заев? До кога Скопје и Македонија ќе биде заложник на бандити кои се над законот? Наместо одговорност, Зоран Заев ги става на пиедестал насилниците и бандитите“, додаваат од партијатал.

Поврзани новости