ВМРО-ДПМНЕ: Јовески е избор на Заев за Уставен суд

by fokus

Најавата дека шефот на обвинителството Љубомир Јовески го подготвуваат за уставен судија е уште еден показател на трас-трас судството на Заев, обвинува ВМРО-ДПМНЕ и тврдат дека Јовески е избор за уставен судија на премиерот Зоран Заев.

-Јовески беше и е главен политички егзекутор кој работи по диктат на Заев, кој како и во испробаниот метод со Добрила Кацарска, Заев го токми за уставен судија. Тоа е наградата за овие четири години селективно обвинителство кое го штитеше и заташкуваше криминалот на власта, а по нарачка на Заев отвораше политички процеси против неистомислениците на аболицираниот криминалец. Впрочем токму Јовевски беше шеф на обвинителството кога Заев беше ослободуван од очигледни криминали, кога не се отвораа предмети како снопчињата пари во чантата на Ден Дончев, случајот „Леонардо“, насилството на градоначалникот на Шуто Оризари и десетици други големи криминали. Доколку Јовески стане уставен судија, тоа нема да биде поради неговата компетентност и авторитет, туку поради желбата на Заев од Уставниот суд да направи партиско дувло кое ќе му го штити криминалот и корупцијата која владее во секоја пора од неговото владеење, се вели во реакцијата на опозицијата.

Јовески вчера за Фокус потврди дека ако пратениците го предложат тој ќе биде нов уставен судија.

Поврзани новости