ВМРО-ДПМНЕ: Јанакиески не бил информиран дека денеска има рочиште

by fokus

Денес судот направи преседан одржувајќи рочиште без присуство на Миле Јанакиевски и неговата одбрана, а преседанот да биде поголем, Миле Јанакиески ниту бил информиран, ниту бил уредно повикан на денешното рочиште што е спротивно на законските одредби, тврдат денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Со таквиот чин директно му беше оневозможено да се произнесе за случајот и грубо му беше повредено правото на одбрана загарантирано за секој граѓанин на Република Македонија. Со ова се суспендира и законот и Уставот на Република Македонија и уште еднаш се покажува дека наместо правен, се води политички процес. Принципот за еднаквост е основен елемент на правото на правично судење во смисла на чл.6 од Европската конвенција за човекови права. На секоја странка во постапката мора да и биде дадена можност да го презентира својот предмет, под услови што не го ставаат во понеповолна положба во однос на неговиот противник, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости