ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за недемократско однесување, ама ќе присуствува на утрешната седница

by fokus

Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ попладнево одржа прес конференција на која ја обвини СДСМ за недемократско однесување за начинот на кој се одвива формирањето на владата. Сепак, Милошоски потврди дека ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствува на утрешната седница на која ќе се бира новата влада.

-Начинот на кој Заев се обидува да го скрати времето за анализа на програмата што ја нуди и нејзиниот кадровски состав на идната Влада е краен недемократски чин. СДС збореше за демократија и за јавна дебата, а на пратениците, на стручната јавност и на граѓаните им го ускратува правото на потребно време за анализа и дебата на главните проектни и главните кадровски политики на новата влада. На пратениците кои што не се дел од собраниското мнозинство не им се остава ниту минимум време за квалитетна подготовка на дискусија за или против новиот состав и новата програма на новата Влада, рече Милошоски.

Тој додаде дека уште од првиот ден СДСМ покажувала недемократски тендеции.

Поврзани новости