ВМРО-ДПМНЕ: Избори во Штип ќе значат нови заразени и мртви

by Фокус

СДСМ и Љупчо Николовски ги множат штипјани со нула и воопшто не ги интересира здравјето на граѓаните, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ кон изјавата на Николовски дека и покрај барањата на опозицијата за одложување, сепак, ќе се одржат избори за градоначалник на Штип.

„Тие се опасност за здравјето на граѓаните во Штип. Да се има избори во Штип значи нови заразени и мртви во Штип од корона. Не постои нешто како сигурни избори и заштитено здравје. Или ќе има избори и многу заразени и мртви или ќе има одложени избори и заштитено здравје. Тоа што СДСМ е осамена во намерата за избори во Штип значи дека тие сакаат на мала врата по цена на здравјето на штипјани да ја сочуваат фотелјата на Бочварски и Заев. Наместо Николовски да глуми експерт по здравје нека земе да работи за борба против корупцијата која ја има во изобилие“, стои во партиската реакција.

Поврзани новости