ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема да спречат одржување на попис, велат од СДСМ

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ како и секогаш кога се носат битни законски решенија за државата и граѓаните се однесува деструктивното, неодговорно и антидржавно. И сега кога пред пратениците во Собранието е законот за попис опозициската ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Мицкоски е на спротивната страна на државните и националните интереси, реагира владејачката СДСМ пред гласањето на предлог – законот за попис коешто треба да биде закажано дополнително.

-Законот за попис на населението овозможува оваа пролет, по речиси 19 години, во државата да се спроведе попис согласно меѓународните стандарди и прописите на Евростат. Целосно е нејасно зошто Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се противат на Законот, се противат државата да има прецизни статистички податоци, важни за креирање на среднорочни и долгорочни политики и стратегии. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема да спречат одржување на попис согласно меѓународните стандарди и пракси. СДСМ, како одговорна партија има договор со граѓаните да спроведеме попис кој ќе обезбеди точни и релевантни податоци, велат од СДСМ.

Поврзани новости