ВМРО-ДПМНЕ и денеска ќе бара правда за притворените пред Министерството за правда

by fokus

Продолжуваат блокадите на раскрасници и протести организирани од ВМРО-ДПМНЕ со барање за ослободување од притвор на осомничените за настаните во Собранието од крвавиот четврток. Денеска во периодот од 15 до 17 часот во Скопје ќе бидат блокирани раскрсниците кај „Мавровка“, помеѓу улиците „Васил Чакаларов“ и „Ангел Динев“ во Влае и крстосницата „Рампа“ во Кисела Вода. Протестот е закажан во 18 часот пред Министерството за правда.

„ВМРО-ДПМНЕ останува на улиците се додека хунтата ги гази законите и се изживува со граѓаните. Демократијата и правната држава ќе бидат вратени. ВМРО-ДПМНЕ бара безусловно запирање на сите овие процеси на политичкиот прогон, итно и безусловно стопирање на малтретирањата, на теророт и изживувањето кое го прави СДС и итно пуштање на слобода на сите лица кои се опфатени со овој класичен политички прогон“, порача утрово партијата.

Поврзани новости