ВМРО-ДПМНЕ: Хохштаплерот Заев го зголеми имотот на неговите семејни фирми

by fokus

Хохштаплер е германизам, кој се употребува како синоним за измамник, лажго или некој што се обидува на нечесен и криминален начин да се стекне со финансиска корист. Хохштаплер е зборот кој што најдобро го опишува делувањето на Зоран Заев и бандата околу него овие три години, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Хохштаплерот Заев го зголеми имотот на неговите семејни фирми откако е на власт со тоа што неговото семејство го презема струмичкиот конфекциски гигант Герас Цунев, влезе во бизнисот со марихуана, а нивни камиони возат и за потребите на РЕК Битола. Хохштаплер е Анѓушев кој зема државни тендери во време кога е вицепремиер за економски прашања. Хохштаплеер е Рашковски, кој го слушаме како мести тендер од 7 милиони евра. И додека на Заев, Анѓушев и Рашковски им оди добро, бизнисите и граѓаните тонат“, стои во соопштението на партијата.

Поврзани новости