ВМРО-ДПМНЕ гукна за аферата во Телекомот

by Фокус

Потпретседателот на СДСМ, Ванчо Узунов беше член во бордот на директори на Телеком кога за периодот 2005-2006-та година американските истражни органи посочуваат дека претставници на Владата на СДСМ учествувале во корупција за одржување на монополот на Телекомот, велат од ВМРО-ДПМНЕ во обидот да ги разобличат лицата кои ќе раководат со новите опозициски комисии кои денеска ги промовираше Заев.

Ванчо Узунов во новата реорганизација на СДСМ ќе биде извршен директор задолжен за комисиите за финансии, за економија, за локална самоуправа, за труд и социјална политика и за енергетика.

Она што на оваа тема не сака да го каже ВМРО-ДПМНЕ е дека истите американски истражни органи сомничат не само тогашен висок функционер од редовите на СДСМ, ами и еден претставник на ДУИ во власта до 2006 година.

Сегашната партија на власт го „заборава“ и моментот дека според „Транспаренси интернешнл“ посредник во поткупот бил никој друг туку грчкиот бизнисмен Димитрис Контоминас, чија фирма денес гради објект на самиот скопски плоштад како дел од проектот „Скопје 2014“. Информацијата за посредништвото до денеска никој не ја демантирал.

Повеќе за аферата Телеком и за причините за делумната амнезија кај ВМРО-ДПМНЕ можете да прочитате на овој линк.

(Како и досега и ова соопштение на ВМРО-ДПМНЕ го добивме од колегите од другите редакции, бидејќи партијата на власт не чувствува потреба да ги испраќа своите реакции до „Фокус“)

Поврзани новости