ВМРО-ДПМНЕ: Груевски никогаш не одбил да прими покана, тој ги почитува институциите

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ испрати реакција на изјавата на обвинителката Катица Јанева дека Никола Груевски, Сашо Мијалков, Кирил Божиновски и Мартин Протуѓер одбивале да ги примат поканите за распит во СЈО. Според ВМРО-ДПМНЕ тоа не е точно.

-Нејзиното тврдење за Макфакс е неточно и повеќе политичко со намера да се наштети на угледот на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г-дин Никола Груевски. Изјавата на Катица Јанева не е поткрепена со ниту еден аргумент. Најостро демантираме дека Претседателот Никола Груевски „се обидувал на сите можни начини да одбие да ги подигне поканите за распит“. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги почитувал и ќе продолжи да ги почитува законите и институциите на Република Македонија. Тој никогаш не одбил да прими покана, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости