ВМРО-ДПМНЕ: Груевски е и останува претседател на партијата

by Fokus

Откако денеска неколку медиуми објавија дека Никола Груевски планирал да поднесе оставка, експресно реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, тој е претседател на партијата и останува на оваа функција согласно доверениот мандат велат од партијата.

„Понатамошни и идни чекори на партијата ќе бидат преземени по направените анализи на резултатите на последните избори. Тие чекори ќе бидат во насока на интересите на партијата ВМРО-ДПМНЕ, нејзините членови, доброто на граѓаните и интересот на Македонија“ се наведува во соопштението од партијата.

 

Поврзани новости