ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните упатија порака дека им е доста од Евро Заев

by fokus

Граѓаните покажаа дека не сакаат во Република Македонија да се применува моделот „евро за Вицето, евро за црквата” кој Заев го патентираше во Струмица, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на изнесените ставови на Христијан Мицкоски.

-Граѓаните упатија порака дека им е доста од Евро Заев. Македонија не смее да продолжи да осиромашува, додека Заеви се богатат, земајќи едно евро од секој квадрат легализирано земјиште, купувајќи индустриски гиганти по цена од една гарсониера, влегувајќи во милионскиот бизнис со марихуана и превезувајќи руда за потребите на РЕК Битола. Додека граѓаните се се посиромашни, кланот Заев е се побогат. Времето кога со сеење на страв го заплашуваа народот да не го искаже својот револт помина. Граѓаните се храбри и јасно кажаа дека овој криминал мора да запре. Господинот Евро Заев станува минато и тој ќе оди на темната страна на македонската историја, се вели во соопштението.

Поврзани новости