ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните им кажаа „НЕ” на корумпираните политичари

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ се огласи со реакција по вчерашниот состанок на Извршниот комитет на СДСМ, од каде порачаа дека не смее да се дозволи во владата да влезат обвинети политичари за криминал.

-Граѓаните на Македонија, на изборите од 11 декември, јасно ја изразија својата волја и им кажаа едно големо „не“ на политиките на уништување на македонската економија и држава, на коруптивните политичари и профитери од криминалната групација СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ го доби мандатот од граѓаните за да формира влада и да ја преточи нивната волја во реални мерки и проекти, за нивен подобар живот- се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата уште еднаш го повикаа Зоран Заев да си поднесе оставка.

Поврзани новости