ВМРО-ДПМНЕ: Госпоѓо Димова, платете си ја казната!

by fokus

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа на прес-конференцијата на Лидија Димова од СДСМ, која утрово се пожали дека полициски службеници и дошле дома и барале од неа, сега да потпише записник за случај од пред еден месец.

„Бескрајна и тажна е агонијата во која што потоа СДСМ предводена од аболицираниот криминалец Зоран Заев. Просторот за манипулации им се стеснува. Изборите наближуваат, наближува и казната од граѓаните за ваквото деструктивно однесување на СДСМ. После изборите ќе мора да врати се што украл, исто како што и нервозната Лидија Димова ќе мора да ги плати казните за сообраќајните прекршоци што ги направила.

Затоа госпоѓо Димова, платете си ја казната! Вие и аболицираниот криминалец Зоран Заев не сте над останатите граѓани. Сите граѓани се еднакви пред законот и доколку сте погрешиле треба да одговорате, вклучително и за сообраќаен прекршок –  стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости