ВМРО-ДПМНЕ го загуби мнозинството во Советот на Општина Македонска Каменица

by fokus

ВМРО – ДПМНЕ по една година од локалните избори го загуби мнозинството во Советот на Општина Македонска Каменица, соопшти СДСМ.

Двете партии имаат по четири советници, а има и тројца независни советници кои во Советот влегоа од две независни листи.

Тројцата независни и четворицата од СДСМ, како што соопштија од партијата, го смениле и претседателот на Советот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

-СДСМ и храбри независни советници се ново мнозинство во советот на општина Македонска Каменица. Разрешен е досегашниот претседател од ВМРО – ДПМНЕ Љупчо Трајановски. Со 7 гласа за и 4 против за претседателка на Советот е избрана Анета Стојчевска. Ова се случува само една година по локалните избори на кои ВМРО-ДПМНЕ освои мнозинство во повеќето општини во државата, велат од СДСМ.

Инаку градоначалникот на Македонска Каменица е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости