ВМРО-ДПМНЕ го одреди датумот за протестот пред Влада, ги повика и разочараните од Заев

by fokus

Вечерва се одржа седница на Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ на која се донело конечна одлука долго најавуваниот антивладин протест да се одржи на 2 јуни во 20 часот.

-Оваа трета генерација политичари на ВМРО-ДПМНЕ учеше од првата генерација, растеше со втората генерација и како основна цел и задача си постави да ги порази остатоците од транзицијата, а тој пораз ќе започне со организирање на еден огромен народен протест кој што ќе се случи на 2-ри Јуни во 20 часот пред Владата на Република Македонија. Ја користам оваа прилика да ги поканам сите оние добронамерници сите оние обесправени, сите оние разочарани, сите оние излажани од страна на Зоран Заев и политичарите околу Зоран Заев. Ги поканувам да ни се придружат да застанат рамо до рамо со нас, да тргнеме во офанзива, да тргнеме во оваа битка и конечно да ја поразиме оваа ненародна влада која што и се случува на нашата татковина, изјави Мицкоски.

Тој не сакаше да открие дали ќе биде еден протест или ќе има серија протести какошто првично се најавуваше.

-Имавме сериозна дискусија околу термините кога би се одржал овој протестен митинг. Знаете дека ВМРО-ДПМНЕ е во фаза на реорганизација и реструктуирање, повеќе од 40 Општински комитети имаа нова или е потврдена старата структура во Општински комитет на ниво на претседател и членови на Општинскиот комитет. Како можен датум го разгледувавме 26 или 27 мај, но имајќи предвид дека тој е споен викенд, бидејќи 24 е државен празник, имајќи предвид дека е Задушница, сакавме да ја започнеме нашата кампања, односно да го започнеме поразот на оваа ненародна влада на еден чист ден и затоа го поместивме за еден викенд понатаму и одлучивме тоа да биде 2-ри јуни. Иако сме ние математички прецизни секогаш, понекогаш ни се случува да направиме ваква незначителна грешка, рече Мицкоски.

Поврзани новости