ВМРО-ДПМНЕ го обвини МВР дека давало пасоши на познати криминалци

by fokus

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска го обвини Министерството за внатрешни работи (МВР), дека под раководство на Оливер Спасовски, „се претворило во криминална организација за логистички потреби на меѓународни нарко картели од Србија, Турција и Албанија“. Денеска, пред некол новинари, од партијата обвиниле дека,„во периодот од декемеври 2017 до јануари 2021, на шефови на повеќе нарко картели им се издадени оригинални документи од Македонија за непречено патување и престој во странство“.

Според податоците до кои е дојдено од партијата,наводно издадени биле околу 200 документи на криминални структури од Балканот.

„Документите биле издавани во „регуларна” постапка во простории на МВР. Тие лица овие документи, освен за трговија со наркотици, ги користеле и за извршување на атентати врз поединци од конкуренцијата“, посочиле на брифингот во партијата.

Оттаму брифирале и дека на две лица – Јован Вукотиќ и Седат Пекер – им биле дадени македонски документи, но на други имиња – Ѓорги Андонов и Џадин Амедовски.

За Седат Пекер од Турција, медиуми во таа земја пишуваа дека е водач на турската мафија, а според обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ, како што велат од партијата, тој добил македонски пасош на име Џадин Амедовски. Од партијата велат дека лицето Јован Вукотиќ, пак, кој стана Ѓорги Андонов, е познат како водач на Шкаљарскиот клан во Србија.

Од партијата брифираат дека деновиве овие информации со кои располагаат ќе ги достават до Јавното обвинитество.

Засега од МВР нема коментар за ваквите обвинувања.

Поврзани новости