ВМРО-ДПМНЕ го изгуби Скопје

by fokus

По вториот круг од локалните избори веќе е јасно дека ВМРО-ДПМНЕ ја изгуби довербата на скопјани. Оваа партија не доби ниту една скопска општина што е под надлежност на градската самоуправа.

Се до вториот круг неизвесна беше ситуацијата во Гази Баба и Бутел, но и во овие две општини победа извојуваа кандидатите на СДСМ.

Социјалдемократите сега ги имаат сите општини под Град Скопје, вклучувајќи го и Градот. Од општините што се на територијата на Скопје ВМРО-ДПМНЕ освои победа во Илинден, Петровец и Сопиште во првиот круг. Ова се три од петте општини на територија на цела Македонија каде што градоначалниците ќе бидат од оваа партија.

Поврзани новости