„Вицепремиерот доаѓа на функција со долгови од 26 милиони евра, кои мора да ги враќа. Со секој изминат ден станува јасно како Заев вози мотори вредни десетици илјади евра што ги нема никаде во имотниот лист, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Не е проблем фирмите на Заеви да купуваат екстра луксузни мотори кога власта им овозможува да купуваат имоти и компании евтино. Станува јасно зошто ги нема колоните млади што брзаат да се вратат во Македонија. Работните места во земјата се резервирани за децата на функционерите од владината коалиција. Според СДСМ, нема подобар кадар за ЕЛЕМ од ќерката на пратеникот Талат Џафери и советникот во Министерството за култура, Мирослав Грчев. Корупцијата е единствената што расте, а економијата стагнира“, се наведув во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.